Get Adobe Flash player

Дома

Психотерапијата е наука со голема разновидност на модалитети. Денес постојат околу 250 (двеста и педесет) модалитети но целта е единствена: поттик на личен раст и созревање и третман на луге кои психички страдаат.

Психотерапија како дивжење се залага за хумани релации и унапредување на менатлното и општото здравје на популацијата.

         

Добродојдовте на веб стрната на МПА македонската асоцијација која е репрезент на 4 (четири) национални психотерписки здруженија, 4 (четири) здруженија од областа на психотерапијата, 2 (два) института и индивидуално членство.


Преку здруженијата, институтите и индивидуалното членство во МПА членуваат преку 200 (двесте) психотерапевти и студенти од областа на психотерапијата.


Од 2009 година МПА е членка на Европската асоцијација за психотерапија (ЕАП), и програмската активноста на МПА е компатибилна со истата на ЕАП www.europsyche.org


Активноста на МПА базирана на Стразбуршката декларација за психотерапија е насочена кон подигање на тренинг стандардите и заложби за психотераписката дејност како независна професија во Република Македонија.


Македонската асоцијација за психотерапија има свој Статут и Етичен кодекс за заштита на правата на клиентите, со што е задолжителна обврска за секој нејзин член.


Македонската асоцијација за психотерапија е творец на Предлог законот за психотераписка дејност и врски заложби за негово актуелизирање.

Седиштето на МПА е во Скопје на ул. 16 Македонска бригада бр.8/2-15.